Македонија Најмногу снег во Лазарополе и Маврово

Најмногу снег во Лазарополе и Маврово

Врнежите од снег ноќеска во некои делови од земјава оставија снежна постилка утрово, соопшти Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).

Висината на снежната покривка изнесуваше 1 сантиметар во Дебар и Скопје – Петровец, 2 во Претор и Крива Паланка, 4 во Крушево и Пожаране, 5 во Маврово и Ѓуриште и 7 сантиметри во Лазарополе.

Изутринава снег со послаб интензитет паѓаше во Пожаране над Полошката котлина.