Свет Свет Најмалку петмина мигранти се удавија во Средоземно Море

Најмалку петмина мигранти се удавија во Средоземно Море

Крајбржната стража во областа Тебулба, град во источниот дел на Тунис, извлече од морето тела на петмина мигранти, кои се обиделе да стигнат до италијанскиот остров Лампедуза, додека 49 мигранти се спасени.

Мигрантите, претежно млади, на возраст околу 25 години, тргнале од пристаништето Тебулба со два помали брода, во кои набргу навлегла водата.

Властите во Тунис се борат со голем прилив на мигранти од Африка, кои бегаат од Либија и се обидуваат да дојдат во Европа.

Во текот на април, повеќе од 300 мигранти се спасени долж ова крајбрежје, а минатата година 165.000 пристигнале на италијанскиот брег.