Економија Најавени дополнителни субвенции за свињарството

Најавени дополнителни субвенции за свињарството

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најави дека годинава ќе обезбеди дополнителна поддршка за свињарството, поради зголемениот увоз на свинско од Србија.

Министерот Михаил Цветков изјави дека преку програмата за директни плаќања ќе се обезбедат дополнителните субвенции во периодот од октомври до мај, кога ќе има пад на побарувачката на свинско месо. Тој соопшти дека поддршка ќе се дава и за чувањето на месото во ладилници.