Македонија Најавена реконструкција на скопската болница „Свети Наум Охридски“

Најавена реконструкција на скопската болница „Свети Наум Охридски“

Следниот месец ќе почне реконструкцијата на специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, соопшти денеска премиерот Никола Груевски.

Премиерот рече дека минатата недела била донесена одлука за почнување тендерска постапка за темелна реконструкција на болницата „Свети Наум Охридски“. Постапката ќе почне деновиве, а следниот месец се очекува почетокот на градежните работи, кои треба да завршат до крајот на јануари следната година.

Со темелната реконструкцијата, како што соопшти Груевски, ќе бидат опфатени салите за операција, интензивната нега, покривот, лифтовите, промена на инвентарот во болничките соби.