Македонија Наградата „Мајка Тереза“ за Ленче Здравкин и Омер Калеши

Наградата „Мајка Тереза“ за Ленче Здравкин и Омер Калеши

Годинашни добитници на државната награда „Мајка Тереза“, која се доделува за значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, се хуманитарката Ленче Здравкин, која посебно се ангажираше на помагање на мигрантите при мигрантскиот бран во 2015 година, како и познатиот сликар Омер Калеши, кој најголемиот дел од кариерата го реализираше во Франција.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 26 август во 12 часот во Собранието на Република  Македонија.