Македонија Годинава нема да биде доделена наградата „23 Октомври“

Годинава нема да биде доделена наградата „23 Октомври“

Владата денеска го усвои предлогот на Министерството за култура годинава да не биде доделена наградата „23 Октомври“.

Како што се наведува во соопштението на комисијата за доделување на оваа награда, мандатот ѝ завршил во февруари оваа година, а претходната влада не повела постапка за формирање нова.

„Поради оваа ситуација биле пробиени и сите други рокови за пријавување на кандидати за оваа награда“, стои во соопштението.