Македонија Повеќе од 4.000 бегалци пријавени за едно деноноќие во Македонија

Повеќе од 4.000 бегалци пријавени за едно деноноќие во Македонија

Вкупно 4.026 потврди за искажана намера за поднесување барање за азил на бегалци од Азија и од Африка се издадени во изминатото деноноќие, при што најбројни се бегалците од Сирија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата информираат дека 1.616 од потврдите се за машки лица, 881 се за женски лица, 1.512 се за деца што го придружуваат носителот на потврдата, а 17 за деца кои патуваат без родител.

Инаку, од 19 јуни до вчера се издадени потврди на вкупно 373.303 странски државјани.