Македонија Началникот на УБК на распит во Апелациониот суд

Началникот на УБК на распит во Апелациониот суд

Горан Грујовски, началник на Управата за државна безбедност (УБК) исказ дава во Апелациониот, наместо во Кривичниот суд од безбедносни причини, поради судскиот процес „Диво насеље“.

На распитот се присутни и обвинители од Специјалното јавно обвинителство.

Како што изјави денеска обвинителката Ленче Ристовска, во случајот „Тврдина“ под истрага се петмина службени лица, началници во МВР, кои ја злоупотребиле својата службена положба со што во првата половина во 2015 година ги уништиле средствата за незаконско следење на комуникациите.

Во истрагата осомничена е и поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која се товари дека уништила опрема вредна 10 милиони евра.