Дописници Началничка смена во Штип

Началничка смена во Штип

Началникот од Одделението за криминалистичка полиција, Ванчо Синадиновски, ја презеде функцијата началник на Секторот за внатрешни работи во Штип. Досегашниот началник Јордан Ламановски се враќа во Скопје во специјалните единици, каде имаше раководно место. Ламановски беше привремено решение на МВР, кој остана повеќе од две години. Тој дојде пред акцијата „Детонатор“, кога беше уапсена група во Источна Македонија, вмешана во полициско-политички криминал.

Новиот началник, Синадиновски, е кочанец, кој во еден период ја извршувал функцијата началник на Управата за безбедност и контраразузнавање во Кочани. Пред назначувањето за прв човек на СВР Штип, Ванчо Синадиновски беше началник за криминалистичка полиција во Штип.