Македонија На западот променливо облачно, во другиот дел од земјава главно сончево

На западот променливо облачно, во другиот дел од земјава главно сончево

Времето во западните делови на Македонија денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Во останатите делови на земјава ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура се движи од  -6 до 1 Целзиусов степен, а дневната ќе биде во интервал од 3 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината слично време, со утринска температура од околу  -4 Целзиусови степени и дневна до 5 степени.

Следува период на претежно облачно и потопло време, особено на повисоките места и на планините, што ќе предизвика топење на снежната покривка. Во утринските часови по котлините ќе има појава на магла. За време на викендот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд, со слаб до умерен интензитет.