Македонија На Заев му останува пасошот и не мора да се јавува секоја...

На Заев му останува пасошот и не мора да се јавува секоја недела на суд

Кривичниот совет на скопскиот Основен суд го одби барањето на Јавното обвинителство да му се одземе пасошот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е четвртообвинет во случајот „Пуч“. Донесена е и одлука да се укине и мерката според која Заев имаше обврска да се јавува во струмичкиот суд секоја недела.

Ново рочиште за случајот „Пуч“ е закажано за 5 октомври. Тоа ќе биде трет обид да почне процесот откако на претходните два Заев не се појави.