Главна секција На Заев ќе му биде одземен пасошот?

На Заев ќе му биде одземен пасошот?

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, нема да биде приведен, туку, како мерка, ќе му биде одземен пасошот, неофицијално се дознава од Јавното обвинителство.

Во полициската акција „Пуч“, осомничен е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој заедно со Зоран Верушевски, уапсен пред две недели, и со уште две лица, се товари за обид за загрозување на уставниот поредок и за недемократско преземање на власта, односно суспендирање на волјата на граѓаните. Како што информираат од МВР, во досегашната истрага било утврдено дека осомничените лица, преку употреба на незаконски средства на следење и на шпионирање и со закани кон високи државни функционери, сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.

Денеска, во 14 часот, пак, прес-конференција ќе одржи премиерот Никола Груевски.