Македонија На Табановце приведен скопјанец, пронајдени илјада различни видови монети

На Табановце приведен скопјанец, пронајдени илјада различни видови монети

Приведениот појаснил дека монетите му биле испратени по карго по претходен договор со лица од Србија

фото: Министерство за внатрешни работи (МВР)

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север од полициската станица Табановце, при влез во државата лишиле од слобода 51-годишник од Скопје.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), при извршена контрола кај лицето биле пронајдени и одземени 1.120 парчиња различни видови моменти. Со приведениот бил извршен и службен разговор во кој тој појаснил дека монетите му биле испратени по карго по претходен договор со лица од Србија, каде отишол да ги земе.

Од МВР додаваат дека лицето е предадено во кумановската полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува и поднесок.