Економија На пазарот на труд, слободни 6.749 слободни работни места

На пазарот на труд, слободни 6.749 слободни работни места

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година во Македонија имало 6.749 слободни работни места. Најголемиот дел, 3.543, биле во скопскиот регион.

Од фирмите кои имале слободни работни места најзастапени се тие со вработени од 10 до 49 лица, каде, според статистичките податоци, имало 1.751 слободно работно место.

Меѓу професиите најбарани биле услужните дејности и продажбата, за кои во првите три месеци имало 1.709 слободни работни места. Меѓу најбараните се и службениците и ракувачи и составувачи на машини и на постројки.