Фото: Арбнора Мемети

Владата потсетува дека согласно владина одлука објавена во Службен весник, бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на пандемијата на ковид-19, прогласена од Светската здравствена организација (СЗО).

„Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во Службен весник на 04.11.2020 година. Оваа информација ја објавуваме по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени, по 31 декември 2020 година“, соопшти Владата.

Инаку, владината одлука е донесена на седницата на 3 ноември годинавa.