Македонија На граничниот премин Дојран се чека еден час, Евзони сè уште затворен

На граничниот премин Дојран се чека еден час, Евзони сè уште затворен

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е сè уште затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај, но на граничниот премин Дојран, поради зголемена фреквенција, има задржувања околу 1 час, соопшти попладневно Автомото-сојузот на Македонија.

На другите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози поради врнежи од дожд. Врнежи од слаб снег има само на Попова Шапка, но без проблеми во одвивањето на сообраќајот.

Сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница кај Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.