Хроника На преминот Богородица фатено лице барано од Интерпол

На преминот Богородица фатено лице барано од Интерпол

Гранична полиција на преминот Богородица, при извршени проверки, констатирала дека А.А.Е.Е.(61) од Порд Саит, Египет, е предмет на меѓународна потрага од Интерол од Каиро, за издржување затворска казна во траење од 25 години, поради проневера и фалсификување на официјални документи во Египет.

Од Основниот суд Велес на лицето му е одредена мерка екстрадиционен притвор во траење од 30 дена и истиот е спроведен во КПУ Затвор – Скопје.