Македонија МЗ: Вчера се аплицирани 14.615 вакцини, прва доза примиле 12.294

МЗ: Вчера се аплицирани 14.615 вакцини, прва доза примиле 12.294

Фото: МОН

Прва доза вакцина против ковид-19 вчера примиле 12.294 граѓани, а во текот на вчерашниот ден, вкупно се вакцинирале 14.615 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 346.836 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 572.176 дози вакцини, а ревакцинирани се 225.340 граѓани, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови, интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба да се вакцинираат преку веб платформата vakcinacija.mk, е 481.809 граѓани.

Според последните бројки, барем една доза вакцина примило 52 отсто од населението над 70 години, 49 отсто од лицата над 65 години и 43 отсто од населението со возраст над 60 години.

Според Националниот план за имунизација, се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес на веб страницата vakcinacija.mk и лица вработени во критична инфраструктура. Вакцинацијата се одвива во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп, информираат од Министерството за здравство и апелираат до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk.