Македонија МЗ: Вчера биле аплицирани 9.721 вакцини против ковид-19 во земјава

МЗ: Вчера биле аплицирани 9.721 вакцини против ковид-19 во земјава

Фото: Мета.мк

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 175.620 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.445 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.721 граѓани. Во државата вкупно се дадении 207.219 дози вакцини, а ревакцинирани се 31.599 граѓани, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Со последните бројки, 40 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 33 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.987 граѓани.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во: А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.