Македонија МЗ: Само 31 отсто од населението под 40 години е вакцинирано против...

МЗ: Само 31 отсто од населението под 40 години е вакцинирано против ковид-19

Фото: Мета.мк

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека само 31 отсто од населението на возраст меѓу 18 и 39 години се вакцинирани со една доза вакцина против ковид-19. Воедно, 55 отсто од населението над 40 години имаат примено барем доза вакцина.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.062 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690.806 граѓани.   

Граѓаните без закажан термин може да се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. 

„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.