Македонија МЗ: ПАП тест и преку мобилните гинеколошки амбуланти

МЗ: ПАП тест и преку мобилните гинеколошки амбуланти

Во Програмата за скрининг за рак на грло на матка за 2023 година, како и досега, утврдена е активност за матични гинеколози, кои во рамките на програмата можат да направат ПАП тест кај жени на возраст од 21 до 59 годишна возраст, кои три години немааат направено ПАП тест

Фото: MART PRODUCTION: https://www.pexels.com/photo/people-woman-sitting-technology-7089401/

Во текот на годината пациентката која ќе се јави кај матичен гинеколог може да направи и дополнителен гинеколошки преглед со ПАП тест, согласно медицинска индикација утврдена од матичниот гинеколог. Дополнителните прегледи утврдени од матичниот гинеколог се на товар на ФЗОМ, а пациентот плаќа партиципација за прегледот, порачува Министерството за здравство (МЗ).

Во Програмата за скрининг за рак на грло на матка за 2023 година, како и досега, утврдена е активност за матични гинеколози, кои во рамките на програмата можат да направат ПАП тест кај жени на возраст од 21 до 59 годишна возраст, кои три години немааат направено ПАП тест.

Од октомври 2022 година со измените во Програмата за рана детекција на малигните заболувања на РСМ за 2023 година, Министерството за здравство воведе и мобилни гинеколошки амбуланти, кои се дел од Програмата на министерството.

При посетите на пациентките во мобилните гинеколошки амбуланти се остварува и целта да се подигне свеста за значењето на редовните гинеколошки прегледи, препорачаните периодични гинеколошки прегледи и ПАП тест, кои овозможуваат рано откривање на ракот на грлото на матката. Истовремено, пациентките добиваат и совети за планирање на семејството и безбедно мајчинство. Услугите се наменети за жени и девојки од ранливи семејства, во потешко достапни рурални области.

Главна цел е да се намали инциденцата и смртноста на жените од рак на грлото на матка, да се зголеми бројот на лица опфатени со организираниот скрининг, да се подигне свеста кај жените за важноста од редовни превентивни прегледи и вклученост во организираниот скрининг да се зголеми бројот на гинеколози вклучени во организираниот скрининг.