Македонија МЗ: Над 636.000 граѓани вакцинирани со две дози вакцина против ковид-19

МЗ: Над 636.000 граѓани вакцинирани со две дози вакцина против ковид-19

Фото: Мета.мк

Министерството за здравство информира дека на вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 761.579 граѓани. Интересот за примање на прва доза вакцина против ковид-19 постепено опаѓа, па така вчера неа ја примиле само 2.728 граѓани, додека најголем дел од вкупно вакцинираните 15.424 лица во текот на вчерашниот ден всушност ја примиле втората доза на вакцина против ковид-19. Во државата досега вкупно се аплицирани 1.397.773 дози вакцини, а ревакцинирани се 636.193 граѓани.   

Со последните бројки, 54 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина, додека 30 отсто од населението меѓу 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. 

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Од Министерството за здравство велат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи ковид-19 пандемијата.

„Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“, велат од Министерството за здравство.