Македонија МВР за Диво Насеље: Противдржавен чин што не смее да се повтори

МВР за Диво Насеље: Противдржавен чин што не смее да се повтори

Министерството за внатрешни работи на тригодишнината од акцијата во кумановската населба Диво Насеље, кога загинаа осум припадници на полицијата, порача дека тој „нечовечки и противдржавен чин не смее никогаш да се повтори!“

„Припадниците на полицијата се тука да ги штитат граѓаните и уставниот поредок на државата и не смеат никогаш да бидат жртви на никакви поинакви интереси. Овие осум херои ги жртвуваа сопствените животи за да ги заштитат граѓаните, жртва за која треба сите да се вложиме и да работиме вредно, за веќе никогаш да не ни се случи.  Нашето заедничко, едно општество за сите е гарант на мирот и соживотот. Граѓаните секогаш ќе ја паметат нивната храброст, а иституциите во Република Македонија ќе ја осигураат правдата, како должност и кон нивните семејства и кон населението. Одговорните за настаните во Диво Насеље ќе се соочат со одговорноста“, стои во соопштението на МВР.