Македонија МВР: Вчера се издадени 814 потврди на мигранти

МВР: Вчера се издадени 814 потврди на мигранти

Од МВР денеска информираат дека се издадени 814 потврди на мигранти во периодот од осум часот вчера до осум часот утрово. Од вкупниот број, 513 се од машки пол, 112 се од женски, 164 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 25 деца кои патуваат без родител, на кои е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Најголем број се лица од Сирија – 755, од Авганистан се 50, од Пакистан – шест и од другите земји се со помал број.