Македонија МВР вчера издало потврди на 4.076 мигранти

МВР вчера издало потврди на 4.076 мигранти

Вчера Министерството за внатрешни работи (МВР), потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 4.076 мигранти, кои на територијата на Македонија влегле од Грција.

Од мигрантите, на кои вчера им биле издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан, вкупно 2.240 лица, потоа од Сирија (1.201), Ирак (300) и од Иран (1911).

Од 19 јуни, кога почна издавањето на потврдите со кои на мигратните им се овозможува 72-часовен престој во земјава, до денеска, вакви документи, според податоците на МВР, им се издадени на вкупно 182.978 странски државјани, од кои 113.687 се Сиријци.

Во текот на вчерашниот ден, до Одделението за азил немало нови барања за признавање на правото на азил, со што вкупната бројка на мигранти, кои во изминатите четири месеци побарале да останат во земјава, изнесува 70 лица.