Хроника МВР: Се трага по маж и жена на планината Ниџе, не се...

МВР: Се трага по маж и жена на планината Ниџе, не се знае во каква состојба се

Според тоа што е пријавено околу 3 часот утрово. на планината Ниџе од страна на Република Грција се губи трагата на двајца планинари, жена и маж, кои биле во поголема група. По дојавата, почната е постапка за нивно откривање, во која покрај македонската страна се вклучени и грчките погранични служби. Македонското МВР нивните мобилни телефони ги лоцирало на 100 метри од државната граница во македонска територија и не знаеме каква е нивната состојба.

Активирана е Хеликоптерската единица на МВР, а потрагата на терен од утрово се одвива многу отежнато, поради густа магла, соопштија од МВР за „Мета“.

Повеќе информации се очекуваат наскоро.