Македонија МВР санкционираше 371 возачи во Скопје од кои 120 за пречекорена брзина

МВР санкционираше 371 возачи во Скопје од кои 120 за пречекорена брзина

Извор на фотографија: МВР

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 371 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 16 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 120 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 18, 32 санкционирани мотоциклисти, 128 возила подигнати со пајак, а изречени се и 31 санкции за неносење на заштитна маска,“ информираат од МВР.

Од таму најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.