Македонија МВР санкционира 196 возачи во Скопје, од кои 27 поради брзо возење

МВР санкционира 196 возачи во Скопје, од кои 27 поради брзо возење

Министерството за внатрешни работи, МВР, во текот на вчерашниот ден, 8 јануари,  продолжи со акциски контроли во сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, од кои 27 за управување со брзина поголема од дозволената, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 10 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 14 за користење на мобилен телефон, пет мерки за поминување на затворен семафор – црвено светло. Информираат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.