Македонија МВР регистрира 32 прекршока за забраната за движење и 564 за неносење...

МВР регистрира 32 прекршока за забраната за движење и 564 за неносење маска

Полицаец на полициска контрола за време на полициски час, 10 март 2021. Фото: МВР

На 13 март, од 22 часот вечерта, до 5 часот наутро денеска, МВР констатира дека 32 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 564 прекршоци, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за заеднички да се придонесе за спречување на ширењето на ковид-19.