Македонија По распитот МВР ги ослободи македонските државјани екстрадирани од Италија

По распитот МВР ги ослободи македонските државјани екстрадирани од Италија

Петтемина македонски државјани што беа протерани од Италија поради поддршка на Исламска држава, нејзините активности и терористички напади, поттикнување на џихад и поради врски со радикални исламски свештени лица од Балканот, се ослободени по распитот што го имале кога пристигнале во Македонија.

Веднаш по слетувањето на аеродромот „Александар Велики“, со нив разговарале инспектори од Управата за безбедност и контраразузнавање, кои процениле дека протераните лица се безопасни.

Станува збор за четворица мажи и за една жена, членови на едно семејство, на возраст од 28 до 52 години. Тие, според пишувањата на италијанските медиуми, се протерани со декрет на министерот за внатрешни работи, Анџелино Алфано, поради опасност по националната безбедност.

Инаку, петтемина македонски државјани подолг период живееле во Италија и имале фирма во градежниот бизнис.