Видео МВР објави видеоснимка од акцијата „Пуч“

МВР објави видеоснимка од акцијата „Пуч“

„Министерството за внатрешни работи првпат во историјата на независна Македонија реализираше случај во кој е сузбиен обид за загрозување на уставниот поредок и за недемократско преземање на власта, односно суспендирање на волјата на граѓаните. Според досега прибавените докази во рамки на оперативната обработка „Пуч“, осомничените лица, преку употреба на незаконски средства на следење и на шпионирање, со упатување сериозни закани кон високи државни функционери, сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги“, стои во соопштението на МВР, во кое е објавена и видеоснимка од акцијата „Пуч“.