Македонија МВР негира: Не е употребена прекумерна сила над мигрантите

МВР негира: Не е употребена прекумерна сила над мигрантите

Неприфатливо е полициските сили да бидат каменувани, а тие да немаат право да се одбранат – изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски, притоа негирајчќи дека полицијата вчера употребила прекумерна сила кон мигрантите на македонско – грчката граница, јавува „Телма“.

Според Котевски, полицијата не делувала офанзивно, туку само ја штитела државната граница и себе си од илегални мигранти кои по неа фрлала камења и кои се обиделе насилно да го пробијат полицискиот кордон.

Портпаролот изјави дека ситиацијата на јужната граница и понатаму е тензична, но дека во изминатите 24 часа не се забележани посериозни инциденти.