Македонија МВР му поднесе кривична пријава на лицето кое вееше знаме со Голема...

МВР му поднесе кривична пријава на лицето кое вееше знаме со Голема Албанија во Тетово

Министерството за внатрешни работи (МВР) го откри лицето и му поднесе кривична пријава за сторено кривично дело по членот 319 од Кривичниот законик

фото: Министерство за внатрешни работи (МВР)

Германски државјанин на возраст од 21 година е лицето кое го вееше знамето на „Голема Албанија“ на тетовскиот плоштад за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти на 11 август година. Министерството за внатрешни работи (МВР) го открил идентитетот и на лицето му поднело кривична пријава за сторено кривично дело по членот 319 од Кривичниот законик.

„Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово го расчисти кривично-правниот настан кој се случи на 11.08.2023 на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по чл. 319 од КЗ. По преземени оперативно тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело-А.М.(21), кој е германски државјанин. Во координација со ОЈО Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од КЗ до надлежното обвинителство за натамошно постапување“, се наведува во соопштението на МВР.

Истакнувањето на знамето на „Голема Албанија“ предизвика бројни реакции во јавноста, но и ширење на дезинформации на темата, меѓу кои дека лицето е припадник на МВР.

МВР: Лицето што го вееше знамето со „голема Албанија“ не е припадник на полицијата