Хроника Лишени од слобода неколку лица, меѓу кои и 65-годишна жена

Лишени од слобода неколку лица, меѓу кои и 65-годишна жена

СВР-Скопје, постапувајќи по судска наредба, го лиши од слобода лицето Али К. (35) од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од 10 месеци за кражба. Истиот е спроведен во полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба ја лиши од слобода Санда Н. (65) од Скопје, која се барала за издржување затворска казна во траење од пет години за даночно затајување. Истата е спроведена во КПУ„Идризово“.

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода и лицето Бобан А. (28) од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од осум месеци за измама. Истиот е спроведен во полициската Кисела Вода за понатамошна постапка.