Македонија МВР ќе набавува нови униформи

МВР ќе набавува нови униформи

Владата на денешната 30. седница ја усвои информацијата за потребата од набавка на униформи за припадниците на полицијата на Министерството за внатрешни работи.

Како што соопштија од владината прес-служба, Владата го задолжи МВР да поднесе барања за добивање согласност до Советот за јавни набавки за спроведување јавни набавки за повеќе делови од униформата за припадниците на полицијата.

„Во врска со оваа точка, Владата донесе одлука да му се укаже на Советот за јавни набавки, поднесените барања од Министерството за внатрешни работи во однос на униформата за полицијата, во согласност со законите, да ги разгледа во пропишаниот рок и да донесе одлуки во рамките на утврдените законски надлежности“, стои во соопштението.