Македонија МВР изрече 94 казни за брзо возење, 12 за возење под дејство...

МВР изрече 94 казни за брзо возење, 12 за возење под дејство на алкохол, и 6 за користење мобилен

Фото: МВР

Полицијата во Скопје вчера изрекла вкупно 178 казни, од кои најмногу за брзо возење – 94, потоа 21 за возење без возачка дозвола, 12 за возење под дејство на алкохол, седум за нерегистрирани или неисправни возила.

Покрај, тоа како што соопшти МВР, изречени се и 6 казни за користење мобилен телефон при возење, две за минување на црвено светло, 4 за возач почетник и 17 за непрописно паркирање.

Оттаму најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да имаме посигурни патишта.