Македонија МВР издало потврди на 2.283 мигранти

МВР издало потврди на 2.283 мигранти

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.283 мигранти.

Според државјанството, потврди вчера им биле издадени на 980 мигранти од Сирија, 476 од Ирак и на 827 лица од Авганистан.

Од 19 јуни, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита и почна издавањето на потврдите, заклучно со вчера, низ земјава поминале вкупно 359.996 мигранти, од кои најголем дел, односно 203.225 лица, се сириски државјани.