Македонија МВР и вчера не издало потврди на бегалци

МВР и вчера не издало потврди на бегалци

Министерството за внатрешни работи и во текот на вчерашниот ден не издало потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на странски државјани.

Од почетокот на годината издадени се вкупно 89.623 потврди на странски државјани, а најбројни се државјаните на Сирија 44.734.

Од први јануари до вчера до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa.