Македонија МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет случаи во кои граѓани ги фотографирале своите гласачки ливчиња се регистрирани досега во билтенот на МВР

Прв круг на претседателски избори 2024, ОУ „Киро Глигоров“ / Фото: Мета.мк

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко, Охрид и Берово.

Околу 11 часот и 10 минути било пријавено дека во селото Коџалија, Општина Радовиш, на избирачкото место 1602, С.А. од селото си го фотографирал гласачкото ливче.

Истото го сториле и А.С. (40) и С.С. од Скопје. Првиот околу 12 часот на избирачкото место број 2683/1, а вториот околу 14 часот на избирачкото место 2555 во Скопје.

Околу 12 часот и 15 минути во полиција било пријавено и оти А.И. (48) од Охрид го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место број 1271 и истиот е приведен во полициска станица.

Приведен е и жител на Берово – 42-годишниот Д.Т. кој исто така го фотографирал своето гласачко ливче на избирачкото место број 0006 во Берово.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.