Македонија МВР да ги открие сторителите и нарачателите на физичко насилство, порача ВМРО-ДПМНЕ

МВР да ги открие сторителите и нарачателите на физичко насилство, порача ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ синоќа го осуди физичкото насилството во последните три дена зад кое, како што соопштија, многу веројатно е дека стојат политички мотиви.

„Го повикуваме Министерството за внатрешни работи итно да ги открие сторителите и нарачателите на ваквото физичко насилство и да ги изнесе пред лицето на правдата. Непостапувањето или ненавременото постапување од страна на државните институции, ќе создаде атмосфера, овие криминални дејства на поединци да ги решава улицата и самите граѓани – стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.