Македонија МВР: 165 санкционирани возачи во Скопје, 38 за брзо возење

МВР: 165 санкционирани возачи во Скопје, 38 за брзо возење

Архивска фотографија, извор: МВР

Вкупно 165 казни изрекла полицијата вчера во Скопје, а најголем дел од нив за брзо возење – 38, потоа 19 за возење без возачка, седум за технички неисправни возила, јави МВР.

„Изречени се 19 мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за возач почетник“, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.