Култура Музејот „Никола Незлобински“ ќе ја ревалоризара збирката на сликарот Вангел Коџоман

Музејот „Никола Незлобински“ ќе ја ревалоризара збирката на сликарот Вангел Коџоман

Националната установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“ годинава ќе реализира повеќе проекти, меѓу кои и ревалоризација на збирката на сликарот Вангел Коџоман.

Со средства од Министерството за култура, музејот ќе ги осовремени депоата, а ќе се спроведе и конзервација на етнолошкиот материјал од збирката.

Музејот годинава ќе изврши конзервација на метални предмети од богатата збирка, замена на експонатите од постојаната изложба со нови на тема „Лековитите растенија на планината Јабланица“ и едукативна работилница „Рибите во Охридско Езеро“.
Предвидена е едукативна работилница „Културно наследство од Струга и Струшко“.