Спорт Мудијалот во Катар ќе се игра во мај

Мудијалот во Катар ќе се игра во мај

Моќните европски клубови не сакаат да играат во зима

Светското првенство во фудбал во Катар ќе се игра на пролет затоа што Асоцијацијата на најмоќните европските клубови не прифати тоа да се одржи зиме, бидејќи тоа би ја нарушило целата сезона. Летото, пак, отпаѓа како опција поради високите температури.

Новиот план на најмоќните клубови подразбира светскиот шампионат да се игра на пролет, односно на крајот од април.

Мундијалот би траел до крајот на мај, а тогаш температурите се слични на оние во Мексико, Бразил и во САД, каде веќе се играле светски првенства.