Хроника Му ја искинал кошулата на полицаецот што го застанал

Му ја искинал кошулата на полицаецот што го застанал

Вчера, во 9.15 часот, на автопатот Велес – Тетово, обиколница Скопје, кај клучката Мирковци, полицајци од сообраќајна патрола, при преземање службени дејства над возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост и управувано од Ф.Р. (28) од село Љуботен, биле омаловажувани.

Возачот се обидел да им ги одземе службените акти, при што во еден момент ја турнал вратата на службеното возило и му ја притиснал ногата на полицискиот службеник. Кога се обидел да го доведе во состојба на послушност, Ф.Р. му ја искинал кошулата, по што е приведен во полициската станица во Чаир за понатамошна постапка.