Македонија МТВ објави оглас за уредник на информативната програма

МТВ објави оглас за уредник на информативната програма

Македонската радио-телевизија денеска објави оглас за уредник на информативната програма на првиот програмски сервис.

Како главни услови за ова работно место се посочуваат: високо образование, пет години работно искуство во новинарството, активно служење со еден светски јазик, самостојно работење со компјутерски програми потребни за извршување на задачите на тоа работно место и аудио-визуелни способности.

Основната плата што ќе ја добива идниот уредник е 27.804 денари.

Ова место е испразнето откако Горан Петрески замина во дневниот весник „Вест“ на местото главен уредник.