Хроника Мртво бебе донесено во болницата во Битола

Мртво бебе донесено во болницата во Битола

Мртво машко бебе на возраст од 11 месеци, вчераутро, од своите родители, било донесено во битолската клиничка болница. Портпаролката на болницата, Јагода Стојановска, потврдува дека бебето било донесено без знаци на живот.

– Вчераутро, во 5.50 часот, родителите го донеле бебето на детското одделение со знаци на смрт, со мртовечки пеги. Се претпоставува дека смртта настапила најмалку два часа пред тоа. Наредена е обдукција за да се утврдат причините за настапувањето на смртта – вели Стојановска.

Неофицијално, болнички извори откриваат дека бебето било предвреме родено, но добро напредувало, така што во последните денови воопшто немало знаци на какви било компликации по неговото здравје, а родителите редовно правеле контроли.

Тоа, најверојано, починало во сон.

Од битолската полицијата го потврдуваат случајот, но велат дека не е докажано кривично дело.