Македонија МРТ од Иванов доби „Орден за заслуги за Македонија“

МРТ од Иванов доби „Орден за заслуги за Македонија“

По повод 70-годишнината од основањето на Македонското радио и 50-годишнината од основањето на Македонската телевизија, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ја одликува Македонската радио-телевизија со „Орден за заслуги за Македонија“.

Орденот за заслуги МРТ го доби за исклучителните резултати во негувањето, презентирањето и промовирањето на духовните вредности и културното творештво на Република Македонија и нејзина афирмација во светот.