Свет Можни се координирани активности на Русија и на САД во Сирија

Можни се координирани активности на Русија и на САД во Сирија

Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека американските предлози за координирани напори во борбата против милитантите на Исламска држава во Сирија би можеле да бидат прифатени.

– Министерството за одбрана одговори на барањето на Пентагон и итно ги разгледа предлозите на САД за координирани активности во борбата против Исламска држава во Сирија – соопшти портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, и додаде дека предлозите би можеле да бидат целосно прифатени.

Руската страна само ќе прецизира одредени технички детали на денешниот состанок на нејзините претставници од министерството за одбрана со Пентагон, се наведува во соопштението.

Руските воздухопловни сили на 30 септември почнаа воздушни напади врз позициите на Исламска држава во Сирија.