Хроника Мотоциклист од Охрид загинал кога удрил во паркиран автобус

Мотоциклист од Охрид загинал кога удрил во паркиран автобус

Во сообраќајна несреќа кај охридското село Косел, вчера животот го загубил 32-годишниот охриѓанец Љ.Ј., соопшти СВР Охрид.

Несреќата се случила околу 17.15 часот на магистралниот пат Охрид – Ресен, кај Косел. Сега загинатиот охриѓанец управувајќи мотоцикл „јамаха“ удрил во задниот дел на паркиран автобус „мерцедес“ со кочански таблички и го загубил животот.

Полицијата извршила увид заедно со Јавен обвинител, а телото на починатиот со наредба од обвинителот е предадено за обдукција.