Македонија МОСТ бара измена на закони за скратување рокови за прочистување на Избирачкиот...

МОСТ бара измена на закони за скратување рокови за прочистување на Избирачкиот списк

Невладината МОСТ со цел забрзување на постапките за административната проверка на неконзистентните записи и за теренската проверка на втората група неконзистентни записи бара промена на Законот за живеалиште и престојувалиште, Законот за лична карта, Законот за општа управна постапка и Законот за управни спорови.

„Согласно постоечките законски одредби, потребни се околу 20 дена за завршување на постапката за поништување на лична карта и живеалиште, а доколку граѓанинот поднесе жалба и потоа поведе управен спор, процедурата може да се пролонгира и на повеќе од 1 година. Во овие рокови не е пресметано времето кое претходно ќе му биде потребно на МВР да ги изврши административните и теренските проверки на овие гласачи за да констатира дали може да се покрене постапка за поништување на живеалиштето и личната карта“, велат од МОСТ.

Со менување на законите од МОСТ велат дека целата процедура за бришење на евентуалните спорни избирачи од Избирачкиот список би се скратила на околу 70 дена. Во овие 70 дена не е пресметано времето кое претходно ќе му биде потребно на МВР за да ги изврши административните и теренските проверки на овие гласачи за да констатира дали може да покрене постапка за поништување на живеалиштето и личната карта.